Сегментни гаражни врати

Politop Skopje

Сегментни гаражни врати со висок квалитет. Примената на ваквиот тип на гаражни врати е се поголем, пред се поради нивната практичност. Сегментните гаражни врати на Политоп се составени од панели со дебелина од 40mm, кои што нудат одлична топлотна како и звучна изолација. За тоа се грижат италијанските панели кои што ги нудиме во повеќе бои.

По потреба вградуваме и стакла, како и росвајни апликации како на сликите од десно. Димензиите се динамични, по ваша потреба. Вратите се автоматизирани, со најквалитетните мотори во светот - Sommer, со германско потекло, кои што овозможуваат вратите да одат побрзо, а и притоа не се бучни.

  • Врати за домашна и индустриска употреба.
  • Германски Sommer мотор!
  • Италијански панели, со широка палета на бои.
  • 5 годишна гаранција!
  • Максимални димензии 6000mm x 6000mm!

Панели

Панелите се обложени со пластифициран лим, наполнети со полиуретанска пена, дебелина 40mm со што прават како звучна така и топлотна изолација во вашата гаража.

Мотор

Sommer

Германски квалитет број 1. Автоматско управување со далечински управувач. Автоматско заклучување на вашите врати со самиот мотор, што значи дека не ви треба дополнителен механизам за заклучување. Тотално безшумни и трошат мало количество на електрична енергија.

Отворете ја вашата врата со отисок на прст.

ENTRAsys GD систем, за отворање на вашата гаражна врата со отисок на прст. Можност за меморирање на 80 отисоци.

Далечински управувач.

Далечинските управувачи на Sommer, покрај тоа што се елегантни и модерни се и безбедни. Користат 66 битен код, и при секоја операција истиот се менува. Тоа значи дека сте безбедни во тоа поле.